Ботас ужива во соработката со Хамилтон

97

Валтери Ботас изјави дека сака Луис Хамилтон да остане во тимот на Мерцедес. 

Британецот веќе подолг период е во преговори со екипата околу нешто што може да биде најголемиот договор во историјата на Формула 1.

Но четирикратниот шампион сеуште не го потпишал договорот. Ботас од друга страна, сака неговиот тимски колега да остане дел од Сребрените Стрели.

Секако, би било добро Луис да остане, бидејќи уживам да работам со него. Фактот што има освоено четири титули, а јас ниту една, навистина ме притиска да се подобрам себеси.

Работиме добро заедно и поради тоа би сакал да останам во тимот, но и со Луис во него – изјави Ботас.

Валтери потпиша нов договор во Септември, но Хамилтон можеби чека сеуште на подобрувањата на екипата за Канада, пред да ја донесе својата одлука.


Booking.com

Ботас ужива во соработката со Хамилтон

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>