Ботас смета дека ја подобрил својата форма

67

Валтери Ботас смета дека вози во својата најдобра форма во пресрет на Шпанското Гранд При претстојниот викенд. Финецот е на 3то место во поредокот со 30 поени заостаток зад лидерот Луис Хамилтон.

Мислам дека во моментов сум во најдобра форма откако дојдов во Мерцедес, иако знам дека секогаш можам поеќе и не треба да престанам да работам и да ги корегирам негативните страни. Земајќи во предвид каде завршив последните неколку трки, знам дека можам да продолжам во исто темпо.

Учам од минатата година, секоја трка учам нешто ново и мислам дека перформансите од Абу Даби лани кои ми беа одлични, ги пренесов во Мелбурн годинава.

Се подобро ја запознавам екипата и јасно е дека почетокот на втората годиане поинаков од почетокот на дебитантската сезона и можам да се фокусирам на работите кои прават разлика.

Кога менувате екипа секогаш во претстои одлична можност, запознавате нови луѓе, нови гледишта, различни начини на работа така што можноста да се однесете на следното ниво постои, а на мене во моментов ми се случува – објасни Ботас.

Финецот е свесен дека доколку имал повеќе среќа од почетокот на сезоната, во моментов можеше да биде лидер во поредокот.

Знам дека лидерската позиција беше можна и беше на догат, но факт е дека поминаа само 4 трки и сеуште е многу рано во сезоната во која ни престојат многу трки. Ситуацијата во моментов е таква, има уште многу поени за освојување и морам да работам.


Ботас смета дека ја подобрил својата форма

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>