Ботас се надева на крај на лошата среќа

81

Валтери Ботас се надева дека неговата серија на лоша среќа во 2018 година го постигнала крајот и очекува пресврт на Канадското Гранд При.

Возачот на Мерцедес имаше силен старт на сезоната и на моменти беше подобар од тимскиот колега, Луис Хамилтон, но помина низ серија на непосакувани ситуации кои ги уништија неговите резултати.

Ботас за малку беше поразен од Ветел во Бахреин, за потоа во Кина поради безбедносното возило да го изгуби водството на трката.

Во Баку изгледаше дека ќе стигне до победа со која ќе поведеше во генералниот пласман, трка на која Хамилтон призна дека Ботас заслужил победа, се до пукнатина во еден пневматик на 3 кругови до крајот.

Не сакам да размислувам толку во минатото. Поените кои ги имаме сега се тие и мора да се соочиме со тоа. Гледам напред, а сеуште е долга сезоната. Се може да се случи.

Се надевам дека заврши мојата серија на лоша среќа. Но нема поента да размислувам за минатото. Сакам да победам на трки и сигурен сум дека тоа ќе следува.

Монако беше тежок викенд бидејќи знаев дека Ферари и Ред Бул ќе бидат силни. Тоа беше викенд во која се обидовме да ја ограничиме штетата, но бевме поблиску со перформансите од очекуваното.

Тоа ги прикажа сите слабости на нашиот болид, но болидот не е дизајниран за Монако. Дизајниран е да биде брз на повеќето патеки, како Канада. Ако трендот продолжи како минатата година, бевме слаби во Монако, но силни тука, така што се надевам на добар викенд – изјави Ботас.


Ботас се надева на крај на лошата среќа

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>