Ботас претпазлив за утре

192

Валтери Ботас имаше најбрзо време по воведните 90 минути на автодромот крај Барселона, но по втората сесија во попладневните часови, неговото време беше доволно за 5то место, откако побрзи од него беа болидите на Ред Бул и Ферарито на Ветел.

Се на се имавме добар ден, Т1 ветуваше многу и болидот од почетокот беше одличен.

Направивме одредени промени за Т2 кои не го подобрија болидот на начин на кој очекувавме така што се вратиме назад на оригиналниот сетап – објасни Валтери.

Една работа која му привлекла внимание на Ботас било како некои возачи веднаш ги забрзале своите кругови штом промениле на суперсофт.

Јас не почувствував никакви придобивки кога променив на суперсофт и ќе мора да проаботиме на тоа утре.

Сепак, имавме добар старт на викендот, но работите од Петок до Сабота може брзо да се променат особено со Ферари и Ред Бул.


Ботас претпазлив за утре

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>