Ботас: Првиот ред е совршен резултат

100

Валтери Ботас е задоволен со освоениот прв ред на трката во Шпанија иако за 4 стотинки ја пропушти пол позицијата, која ја освои неговиот тимски колега.

Луис Хамилтон извозе неколку одлични кругови на квалификациите и ја освои неговата 74та пол позиција и втора оваа сезона. Ботас ја поправи неговата грешка од првиот обид и се поправи во последните моменти од К3.

Денес беше блиску како и целиот викенд и беше доста забавно. Го уништив мојот прв обид во К3 и имав шанса за уште еден и беше достоен за второ место. Штета е што бев толку блиску, но сепак трката е утре. Мислам дека немав грешки во последниот круг. Бев блиску како и целиот викенд, но Луисм имаше одлични квалификации и ова е перфектен резултат за нас.

Во К3 Мерцедес возеа различни стратегии и во последниот обид возеа со суперсофт гуми за разлика од Ферари и Рикардо кои беа со софт. Рикардо, Ветел и Раиконен се поправија на последните кругови, но тоа не беше доволно за да се приближат до Мерцедес.

Од разликата што ја видовме со разликите помеѓу гумите и со нови гуми и нов асфалт мислам дека таа е премала. Видовме на тестирањата и видовме вчера и денес. Мислевме дека суперсофт се подобри за нас и тоа ни успеа, но разликата беше мала – заврши финецот.


Ботас: Првиот ред е совршен резултат

3 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>