Ботас: По стартот, ова беше максимум

116
   

Валтери Ботас призна дека тимските наредби во Мерцедес бил во сила веднаш по стартот на трката и возачите морале да испорачаат 1-2 без проблеми. Финецот не успеа да се приближи опасно до својот колега во текот на трката, се задоволи со второ место, иако кон крајот на трката поради заостанатите болиди, Макс Верстапен успеа да дојде доста блиску до него.

Денеска, по стартот, ми беше јасно како ќе се одвива трката. моравме да донесеме 1-2 за тимот затоа што нема многу трки до крајот и титулите мора да се обезбедат – откри Ботас.

Валтери смета дека смее да се бори со Луис на останатите трки од сезоната и покрај тоа што титулата сеуште теоретски не е обезбедена, со цел да ја обезбеди првата победа за себе сезонава.

Секако дека смеам да го предизвикам, но секако дека зависи од ситуацијата како во Русија. Сеуште давам се од себе за да го задржам мотивот и да предизвикувам за победа на трките.

На вчерашните квалификации почувствував дека станува се подобро за мене и бев многу блиску до Луис на крајот од сесијата.

Иако првите две позиции се безбедни, Ботас успеа да го мине Раиконен за трето место по трката во Русија, а по денешната во Јапонија го зголеми водството на 11 поени.


Ботас: По стартот, ова беше максимум

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>