Ботас очекува почит од Мерцедес

150

Валтери Ботас вели дека верувадека Мерцедес ќе се однесуваат со почит кон двајцата возачи, без разлика дали ќе му дадат улога да го поддржи Луис Хамилтон во борба за титулата по трката овој викенд. Финецот ја одработува својата втора сезона во Мерцедес, годинава нема победа и се наоѓа на 4то место во првенството со 83 поени зад својот колега.

По Големата награда на Белгија Тото Волф откри дека во екипата сеуште не е дискутирано дали ќе се воведат тимски наредби и ќе му се даде цлосно поддршка на Хамилтон во борбата со Себастијан Ветел.

Секако дека со тимските наредби ќе се има поинаков пристап на тркачкиот викенд. Но, мислам дека и тогаш, тимот ќе не поддржи двјцата. Ако имам ритам и чиста брзина за победа, ако сум пред победа, тие ќе ја анализираат ситуацијата. Не мислам дека на ниеден начин нема да ја загубам слободата да победувам на трка доколку имам можност за тоа.

Сепак, зависи од ситуацијата. Ако имаме чисти поени и ако може да се избегне јас или Луис да губиме поени, тоа ќе го направиме. Секогаш се зависи од ситуациата, но јас верувам дека екипата ќе има почит за двајцата возачи и нема да наметнуваат ништо бесмислено – смета Ботас.

Тимот од Бракли е пред најголемиот предизвик во турбо хибридната ера по сериозната закана од Ферари. Двете екипи имаат по пет победи од своите главни возачи, а “сребрените“ водат во проедокот со само 15 поени.

Динамиката на екипата воопшто не е променета. Притисокот уште повеќе не мотивира, знаејќи дека треба да работиме понапорно и да се подобруваме константно затоа што сакаме да победиме.

Не дека тоа не беше случај проано, но кога имавме најдобар болид доста брзо ги постигнувавме целите, а сега мораме да се подобруваме на секоја трка. Сега целта е да победиме побрза екипа и побрз болид. Тоа повеќе не мотивира – заклучи Ботас.


Booking.com

Ботас очекува почит од Мерцедес

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>