Ботас: Огромна несреќа за мене

182
   

Губењето на хидрауличен притисок додека возеше на втора позиција кај Валтери Ботас се случило ненадејно без никакво предупредување. Освојувачот на пол позицијата комплетираше само 14 кругови пред да се паркира на стартно целната рамнина.

Финецот имаше интересен старт од пол позицијата на трката во Австрија, по првиот свиок тој беше на четврта позиција откако беше поминат од Раиконен и Верстапен. Сепак, по третиот свиок ја врати својата позиција и успеа да стигне веднаш зад Хамилтон, чувајќи му го грбот додека беше на патеката.

Имав пролизгување на стартот и го изгубив моментумот во првиот свиок што ме чинеше неколку места. Подоцна напредував до второ место. Како тим сме во добра позиција и даваме се што може.

Изгубивме хидрауличен притисок во свиокот број 3 од 14от круг. Не можев да менувам брзини потоа. Немаше никакво предупредување, се се случи ненадејно. До сега не сме имале ваков проблем и ќе ја најдеме причината за истиот и ќе ја поправиме. Ова е голема несреќа за мене и за целата екипа – разочаран беше финецот.


Ботас: Огромна несреќа за мене

1 Коментар

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>