Ботас: Ова беше максимум

183

Валтери Ботас откри дека не можеле ништо повеќе да направат во Канада за да го победат Себастијан Ветел и неговото Ферари.

Од првиот круг  цело време беа побрзи од нас и ја контролираа трката и темпото. Сметам дека ова беше максимум деенеска. Вчера се работеше за стотиники, така што имавме шанса за нешто повеќе, но денешното 2ро место сметам дека е најмногу штои можевме да постигнеме и поради тоа сум среќен, иако не сум среќен од тоа како се одвиваше тркачкиот викенд – јасен е финскиот возач на Мерцедес.

Ботас мораше напорно да работи на почетокот на трката за да го задржи своето 2ро место откако веднаш по стартот беше нападнат од Макс Верстапен кој направи се што може да му го превземе местото на првите две кривини.

Искрено, стартот беше највозбудливиот момент од трката, се обидував да го одбранам моето второ место колку што можев посилно, навистина беше одлично тркање со Макс на првите две кривини. Среќен сум што завршив пред него.

Потоа се обидовме да го притиснеме Себастијан, но не успеавме вистински во тоа. Едноставно немавме доволно ритам за да се бориме со него.

Валтери го имаше осигурано своето 2ро место, исклучок беше крајот на трката каде заостана, по што Верстапен опасно му се доближи.

Притискавме навистина многу, но кон крајот се најдобме во лоша ситуација затоа што можеше да останеме без гориво. Морав силно да штедам гориво во последните неколку кругови и поради тоа Макс толку многу ми се доближи.

Мерцедес планираа нов моторо за Жил Вилнев, но во Бракли не биле задоволни со квалитетот на некој составен дел и поради тоа не сакале да ризикуваат со издржливоста кај фабричката екипа, но и кај муштериите. Тоа значи дека Луис и Валтери мораа да го користат стартиот агрегат со кој возат од почетокот на сезоната.

Дефинитивно ни требаше новиот мотор. Денеска покажавме дека не сме доволно брзи така што ни требаше дополнителна моќ. Следната трка во Франција ќе имаме нов мотор, така што тоа е одлично.


Booking.com

Ботас: Ова беше максимум

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>