Ботас: Ни фалат ситници

121

Валтери Ботас откри дека за да Мерцедес се врати на врвот, потребно е да се решат некои ситници. Луис Хамилтон ја донесе првата победа на тимот сезонава на последната трка откако Себастијан Ветел со Ферари доминираше во текот на викендот. Ботас имаше трка за заборав откако му се дупна гумата и се откажа на 3 круга пред крајот на трката.

Се разбира дека бев разочаран, но тоа е тркањето. Секогаш сметам дека по некое разочарување можете да се вратите посилни ако го менаџирате на вистински начин така што планирам да бидам посилен во остатокот од сезоната.

Формула 1 е многу конкурентен спорт, а кога правилата остануваат непроменети, логично е тимовите да се доблужуваат меѓу себе. Во моментов три екипи се на врвот и очекувам да има многу блиска борба.

Ние треба да продолжиме да ги средуваме ситните детали и да научиме нови работи затоа што дури и една стотинка во овој момент важна. Ако успеавме редовно да наоѓаме стотинки од сите области особено од оние кои ни се алаба страна, тоа ќе не однесе на врвот.

Една работа која е повеќе од јасна дека ќе не однесе на врвот е тимската работа и тимскиот дух. Ако продолжиме да работиме на тој начин како и секогаш сигурно ќе успееме затоа што така сме посилни – изјави Ботас.


Ботас: Ни фалат ситници

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>