Ботас не очекувал тимски наредби

158
   

Валтери Ботас бил изненаден што од Мерцедес добил наредна да го пропушти колегата Луис Хамилтон во Русија и комуникацијата со боксот го збунила. Во 25от круг “сребрените“ му јавија на финецот да се помести пред 13от свиок на патеката за да неговиот колега кој се бори за титула мине пред него.

Валтери не очекувал таква наредба од тимот и смета дека можеби имало проблем во комуникацијата пред трката или за време на истата.

Бев збунет кога ја добив наредбата. Тоа не беше нешто што го планиравме затоа што вообичаено се се договараме пред трката, сите сценарија и сите наши реакции. Она што се случи на трката не го предвидовме и не го очекувавме и одеднаш добив повика да се потргнам. Бев збунет – опиша Ботас.

Тој не разбира зошто бил тргнат настрана откако му било кажано да го напаѓа МАкс Верстапен кој ја поведе трката иако немаше влезено во боксот и возеше со стари гуми.

Му се приближував и планирав да се обидам да го минам два круга подоцна. Бев се поблиску и поблиску до него и одеднаш ми рекоа да се потргнам за Луис. Тогаш се збунив.

Тој откри дека немал ништо против кога по менувањето на гуми му било наредено да забави за да го успори Себастијан Ветел и да му го доближи на Луис Хамилтон, олеснувајќи му го претекнувањето. Откако “го почасти“ победа, Валтери сеуште нем триумф сезонава, но не е разочаран затоа што не бил во борба за титула, а сепак успеа да го мине Кими Раиконен во возачкиот поредок.

Не очекувам ништо назад од тимот. Ако победам и кога ќе победам сакам да го заслужам тоа и тоа да биде чисто тркање. Како личност и како спортист не е идеална оваа ситуација, но денеска тимот беше пред се.

Кон крајот на трката Валтери Ботас стигна до некакво утешно признанеи кога го постави најбрзиот круг на трката.

Во тие моменти возев во мод за штедење на моторот и искрено како да се прошетав до крајот на трката, такво беше чувството. Имавме многу ритам кој не го искористивме затоа што немавме потреба.

Немаше поента да бидеме побрзи, а за најбрзиот круг не се ни доделуваат поени. За мене најважно е што јас можев да победам.


Ботас не очекувал тимски наредби

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>