Иако пред некое време го нарекоа најдобриот помошник, Валтери Ботас изјави дека не бил жртвуван за Луис Хамилтон да победи во неделата. Иако поголемиот дел од трката го помина на четвртата позиција, Ботас во еден момент беше водечки бидејќи сите пред него влегоа во боксот.

Тој го следеше својот колега до моментот кога тој влезе во боксот, и тогаш доби наредба да го задржува Кими што всушност тоа и го направи.

ФИнецот ја работеше наредбата и со тоа потврди дека е помошник, како што го нарече Тото Волф во унгарија.

Но сепак Ботас заврши на подиумот и изјави дека не бил жртвуван за Хамилтон да победи.

Кога ги разгледавме сите сценарија за трката, видовме дека стартувам од втор ред со Луис и немаше потреба да се пробува некој експеримент и избравме оптимална стратегија да одам што подолго. На крајот добив нови гуми за да напаѓам на крајот но и со тоа Луис профитираше и му помогнав на тимот. Не би рекол дека ја жртвував трката, бидејќи можноста за влез во боксот е голема со овие гуми што ги имавме викендов.

Пред трката во Италија, Мерцедес зборуваа дека ќе размислат за воведување тимски наредби да му помогнат на Хамилтон да дојде до титулата.

Со оваа победа Хамилтон води 30 поени пред германецот Себастијан Ветел.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.