Ботас несреќен по наредбите: Тоа е што е …

606
   

Валтери Ботас видливо беше несреќен со резултатот на Руското Гранд При, откако на финецот му беше наредено да го пропушти Хамилтон, наместо тој да стигне до својата прва победа во сезоната.

Возачот на Мерцедес заврши одлична работа во квалификациите и беше на прво место во почетниот дел од трката, издржувајќи го минималниот притисок од Хамилтон на почетокот.

Поголем дел од трката возеше позади Макс Верстапен кој пак не влезе во бокс до тој момент, но му беше наредено да го пропушти Хамилтон. Џејмс Воулс, стратегот на Мерцедес, му објасни на Ботас дека пневматиците на Хамилтон се деградирале брзо и дека екипата не може да ризикува тој да биде веднаш пред Себастијан Ветел.

Ботас го пропушти Хамилтон, но на крајот не ја доби позицијата назад која ја побара од тимот. Тој се обиде да ги сокрие своите емоции за време на интервјуто по трката, но видливо не беше среќен.

Тежок ден. Добар резултат за тимот и освоиме максимални поени, но за мене лично ова беше тешка трка.

Секогаш ги разгледуваме сите сценарија, Луис се бори за титула кај возачи, а тимот во конкуренција на екипи. Секогаш имаме план, но и секогаш е тешко да се претпостави што ќе се случи во трката.

Тоа е што е – изјави Валтери.


Ботас несреќен по наредбите: Тоа е што е …

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>