Валтери Ботас ќе стартува од петта позиција на трката, а финецот е среќен што успеа да учествува на квалификациите по проблемот со хидрауликата од последниот тренинг поради кој мораше да менува мотор.

На Т3 тој застана во делот кај подиумот и мораше да се врати на постар мотор за остатокот од викендот и да избегне казна за промена.

И покрај тоа што лесно помина до топ 10 со ултрасофт гуми тој беше разочаран со неговите перформанси, завршувајќи 4 десетинки зад Даниел Рикардо кој ќе стартува од пол позиција, иако сепак беше пред својот сонародник Кими Раиконен, со кој се борат за 4то место во возачкиот поредок.

Целиот тим работеше деноноќно. Не изгледавме добро вчера, но болидот беше подобар и бевме во можност да искористиме дополнителни перформанси. Би сакал да им се заблагодарам на механичарите кои направија одлична работа. За помалку од час и половина го растурија болидот и го заменија моторот. Квалификациите беа добри со поправениот болид, но не успеав да имам целосен перфектен круг во К3. Никогаш не беше така добро но сепак стартуваме од понапред – задоволен е Ботас.

Иако предниот ред беше далеку за него на квалификациите тој сепак е задоволен со неговата позиција и очекува предност во првиот свиок пред Себастијан Фетел.

Предниот ред беше недостижен за нас, но сепак времињата ни се блиску со тие на Ферари. Има долг правец на стартот и тоа што не стартувам од преден ред ќе ми помогне да ме влечат болидите пред нас. Ќе биде интересна трка – најави финецот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.