Валтери призна дека неговиот В09 Мерцедес немал ритам и брзина да освои пол позиција на квалификациите во бразилски Сао Паоло.

Финецот ги заврши квалификациите на подобрата позиција од вториот ред, пред својот сонародник на сесија на која Луис им ја донесе 100та пол позиција на Мерцедес. Во средниот квалификациски сегмент Валтери беше најбрз.

не бев далеку, но маргините секогаш се мали. знаев дека викендов имам шанса за пол позиција, можев да ја освојам, но едноставно немав ритам – изјави ботас.

Средниот сектор во својот последен круг беше одличен за Валтери, но на крајот направи грешка која го чинеше пласман.

бев две десетинки побрз од сите во вториот сектор, но загубив во последната кривина, а на правецот без да бидете повлечени од некого е доста разочарувачки.

Во врска со средниот квалификациски сегмент, Валтери објасни дека имал среќа што склопил добар круг во својот прв обид.

зависи од ситуацијата, но штом почна да врне посилно бев благодарен што имав добро време веќе псотигнато за да не морам да ризикувам. понекогаш треба да бидете промислени.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.