Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, вели дека е незадоволен од своето Мексиканско Гранд При откако мораше да застане три пати по промена на гуми, кои се распаѓаа во текот на трката. Валтери и неговиот колега, новиот шампион Луис Хамилтон, имаа проблеми со деградацијата на трката и беа приморани често да менуваат.

Финецот имал за цел да ја комплетира трката со само едно застанување на гуми откако стартуваше на средните ултрасофт, но многу брзо му станало јасно дека деградацијата е страшно висока. Поради трошењето на гумите, тој мораше дури три пати да промени што на крајот го донесе на 5то место со цел круг заостаток зад побединкот Макс Верстапен.

Среќен сум за Луис, но не можам да бидам задоволен од моајта трка затоа што беше многу тешко. Почетокот беше добар, но многу брзо почнавме да се мачиме со гумите чиј животен век на оваа патека беше очаен. Завршив со три застанувања, што се две повеќе од првичниот план.

Се обидов да ги менаџирам гумите, се трудев да не лизгам по патеката, но и покрај тоа се распаѓаа. Не знам зошто толку многу се мачевме на сите три компоненти и тоа мора да си го објасниме. И останатите тимови се мачеа иако можеби не толку како ние.

Повторно му честитам на Луис, а следна цел за за нас е освојување и на конструкторската титула – најави Валтери.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.