Ботас: Мерцедес се подобрија по проблемите

60

Валтери Ботас вели дека тимот на Мерцедес направила голем прогрес во квалификациите во Азербејџан, а резултатот во К3 според него е подобар од очекуваното.

Мерцедес имаа потешкотии во петочните сесии, но Хамилтон и Ботас беа во форма во квалификациите, со пласман на второ и трето место на гридот за трката.

Хамилтон заврши 0.179 секунди пзоади Себастијан Ветел, додека Ботас дополнителни 0.2 секунди позади него. Финецот, кој истакна дека болидот не бил лесен за возење во Петокот, е многу посреќен со балансот и управувањето во квалификациите.

Мислам дека значително се подобривме. Резултатот е многу подобар од очекуваното. Сметам дека ги поправивме проблемите. Болидот е најдобар досега во викендот.

Сесијата помина без проблеми. Не успеав да имам совршен круг. Прилично тешко е тука, изгубив малку време во вториот круг од К3, но можеби Ферари се пребрзи за нас.

Ова е добар резултат за тимот, имаме два болида во добри позиции со шанса за победа. Дефинитивно ќе се бориме. Ги имаме двата болида при врвот. Трката сигурно ќе биде луда, спремни сме за борба – изјави Ботас.


Ботас: Мерцедес се подобрија по проблемите

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>