Возачот на Мерцедес, Валтери , вели дека критиките кои ги добил лани ќе му бидат дополнителен мотив во подготовките за претсојната Формула 1 сезона.

Финецот победи на три трки и заврши на 3то место во возачкиот поредок во својата прва сезона со Мерцедес во 2017 година, но лани заврши само на 5то место без ниту еден триумф. Луис Хамилтон, неговиот колега, победи 11 пати и стана првак по 5ти пат.

“Сребрените стрели“ го задржаа Валтери за 2019 година, тоа го објавија во текот на летото.

возбуден сум што сите од ново ќе почнеме со нула поени, сите сме еднакви и самата помисла дека може да има многу возбудувања ме прави задоволен.

среќен сум што почнува новата сезона затоа што за мене 2018 година беше за заборав. имаше многу критики во одреден дел од минатата година, но тоа беше позитивно за мене и ми даде дополнителен мотив. ја сфатив поентата и можам само да учам од минатата година за да се вратам посилен.

најдов позитивни работи на кои не гледав така на крајот од годината, но со длабинска анализа наоѓам работи за учење. можам да се надоградам на нив претсојнава година.

сите во тимот работат напорно како и секогаш и мислам дека сите се нетрпеливи да почне новата сезона. со промените на правилата секогаш постојат прашалници, но јас можам да гарантирам дека ќе дадеме се од себе да извлечеме максимум од новиот болид – заврши ботас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.