Ботас казнет 10 секунди

1464

Валтери Ботас доби казна од 10 секунди и два казнени поени од Формула 1 стјуардите во Унгарија поради сударот со Даниел Рикардо на два круга пред крајот на трката. Но, казната не менуван ишто во поредокот затоа што Ботас финишираше 23 секунди пред Пјер Гасли, така што официјалниот заостаток само се намалува на 13 секунди.

Во кругот број 65 Ботас се бореше со Себастијан Ветел, предоцна сопре и имаше контакт со Ферарито по што го оштети својот болид, но стјуардите не му доделија казна сметајќи дека се работи за обичен тркачки инцидент. Но, на два кругови пред крајот финецот се бореше со Даниел Рикардо за 4то место и го истурка австрлијанецот на првиот свиок иако беше јасно дека беше побавен и не можеше да го задржи то место.

Сметам дека направив се што можам и му дадов доволно простор, но неговото оштетување беше преголемо и не можеше да го исконтролира својот болид – изјави Рикардо за Sky Sports F1 по крајот на трката.

Валери сметаше дека Даниел бил виновен за инцидентот затоа што не бил свесен дека постои можност за контакт и не оставил доволно место.

Бев веднаш до него, паралелно, во внатрешниот дел на патеката, немав половина од предното крило и на сопирање гумите се закочуваа затоа што беа доста стари. Сигурен сум дека беше свесен дека сум доста брз во таа кривина, но сепак се обиде да ме мине и се допревме – објасни Ботас.

Извештајот на стјуарите сметаше дека Рикардо му оставил на Ботас доволно простор, а сударот се случил поради тоа што болидот на Мерцедес прешироко влегол во кривината проади оштетувањето кое ја пореметило неговата потисна сила од предното крило. Два круга подоцна, во завршниот круг, Рикардо се обиде по втор пат и го мина Мерцедес.

Сакав да го минаме на патеката и да не чекам никаква казна – објасни Рикаредо.

Во кругот по инцидентот, Мерцедес преку тимското радио побара од Валтери да му ја пропушти позицијата на Даниел, а Рикардо учтиво се заблагодари преку своето радио.


Ботас казнет 10 секунди

15 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>