Валтери откри дека секогаш целосно разбирал зошто Луис Хамилтон е побрз од него во .

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Финецот ја комплетира својата втора сезона со “сребрените стрели“ и на само две трки пред крајот на сезоната нема победа во 2018 година. Заврши на второ место дури 7 пати годинава и се наоѓа на 4то место во шампионатот со 131 поен заостаток зад својот колега.

искрено нема нешто што немам разбрано и секогаш постоеше објаснување кога ќе се појави некоја разлика во перформансите. разбирам дека доколку е побрз од мене, тогаш има неколку кривини на кои се мачам повеќе. понекогаш јас правилно минувам низ кривините, но тој тоа го прави секогаш – појасни ботас.

Финецот дополни дека има и ситуации во кои тој е побрзиот сребрен болид и додаде:

може да биде и обратно, јас сум понекогаш побрз на одредени кривини, а тој повеќе се мачи, но за мене секогаш е логично, објасниво и знам што се случува.

Тој понатаму ја објасни главната силна страна на неговиот колега, неговата разновидност и силна работна навика.

какви и да се условите, ветер, температура, суво или мокро, тој многу брзо се адаптира. тешко можев да кажам нешто за луис пред да дојдам во мерцедес освен дека е добар возач и вообичаено не креирам ништо во главата доколку не го знам возачот.

единствено што можам да го кажам откако дојдв во екипата и го запознав е дека е добар човек и работи многу напорно, многу понапорно одошто луѓето мислат – заврши Ботас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.