Валтери Ботас бара одговори со цел да разбере како ја заврши квалификациската сесија во Сингапур со повеќе од 0.6 секунди заостанување позади Луис Хамилтон.

Ботас беше изедначен во поголемиот дел од викендот, а во одреден момент од квалфикациите беше и побрз, но на крајот заврши 0.687 секунди позади Хамилтон. Како резултат, Ботас ќе стартува од 4то место на гридот, покрај Себастијан Ветел од Ферари.

Не можам да бидам среќен со 4то место бидејќи се изгледаше добро во Т3, дури и во поголем дел до К2, но наеднаш другите најдоа повеќе грип, а јас не можев.

Тоа беше разликата во К3, мора да го разгледам тоа. Мислам дека подготовките на пневматиците можеа да поминат подобро, но во овој момент, не сметам дека тоа е клучно. Нашиот болид е на пол позиција, а тоа покажува дека имаме прилично конкурентен болид овде. Мислам дека Луис имаше одличен круг, мојот не толку, но не беше лош за шест или седум десетинки.

Сеуште треба да разберам некои работи, зошто е толку голема разликата бидејќи беше прилично блиску помеѓу мене и Луис во Т3 и во К1 и К2. Наеднаш, јас можев да се подобрам, но тој се подобри драстично повеќе. Навистина ми е мило што го подобривме болидот за трка која е тешка за нас, претпоставувам тоа е добар знак за трката – вели Ботас.

Мерцедес се подготвуваа за тежок викенд во Сингапур, земајќи ги во предвид потешкотиите да бидат рамо-до-рамо со Ферари и Ред Бул минатата година, но и Ботас и Хамилтон се охрабрени од подобрувањата.

Чувството е подобро, но сеуште не е болид направен за оваа патека. Имаме проблеми во задниот дел и во бавните свиоци, но е многу подобро споредено со минатата година – додаде Ботас.

Деградацијата ќе биде клучна во трката откако повеќе возачи и тимови имаа проблеми со хиперсофт компонентата на Пирели во последователни кругови. Ботас смета дека стратегијата ќе биде клучна и повикува на Мерцедес да бидат реактивни во трката, земајќи во предвид дека е можно појавување на безбедносно возило.

Видовме во Т2 при долгите стинтови дека сите тимови имаат проблеми со оштетувањето, вклучувајќи не и нас. Повеќе од 10 кругови е тешко, но возможно, бидејќи трката еволуира во текот на целиот викенд и може да има голема разлика како функционираат пневматиците во Недела.

Главна работа е пневматиците да траат, да не се претера со оштетувањето и мислам дека ќе биде трка со едно застанување за сите. Плановите за оваа трка паѓаат во вода ако излезе безбедносно возило. Важно е да бидете реактивни и динамични кога ќе се случи тоа – заклучи Ботас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.