Валтери Ботас изјави дека со задоволство би му помогнал на Луис Хамилтон во овогодинешното првенство. Во Ферари, приказната е поинаква, каде тимскиот колега на конкурентот за титула, Себастијан Ветел, Кими Раиконен, си заминува од тимот и не се гледа себеси како помошник на германецот.

Но Ботас во Сингапур го истакна следното:

Целосно разбирам дека Луис се бори за титула, додека моите шанси се многу мали. Доколку можам да му помогнам, тогаш ќе му помогнам – изјави Ботас.

Улогата на тимски играч на Ботас во Монца ги разгневни фановите на Ферари, а тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене дури го опиша како “слуга“ наместо возач. Италијанецот потоа се извини за своите коментари.

Секој може да има свое мислење. Мене некои баш ми се забавни. Тоа што навистина ми е важно се моите перформанси и како работи екипата. Двајцата возачи работат за тимот и јас сакам да помогнам кога можам.

На пример, во Монца возев подолг прв стинт, но на крајот на трката можев да нападнам со свежи пневматици и да стигнам до подиум. Тимот сака двајцата да успееме – додаде Ботас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.