Ботас задоволен со почетокот на викендот

79
   

Валтери Ботас смета дека заедно со Мерцедес одлично ја почнале Големата награда на Јапонија откако тој беше на второ место по постигнатото време на двете петочни сесии.

Во Сузука секогаш е забавно и уживање е да се вози. Болидот е навистина одличен иако по мене беше подобар на првата одошто на втората сесија. Имаме цела ноќ пред нас да видиме какви промени може да направиме за утрешниот ден, но се на се добри сме во сите сектори, само имав некои ситни проблеми со балансот кои ми гонесоа подуправување – објасни Ботас.

Иако “сребрените“ имаа 1-2 на двете сесии, финецот смета дека на квалификациите Ферари ќе бидат многу поблиску до нив, а доколку има непредвидливо време, се ќе се испомеша.

Добро го почнавме викендов, но тешко е да се каже до каде сме во однос на другите. Секогаш битката станува пожестока на квалификациите така што како и секогаш ќе работиме напорно за да најдеме подобрувања.

Времето исто така може да се промени утре, но за сите беше добро што имавме сув Петок затоа што и во Недела предвидувањата се слични. Но, на трката ќе биде и потопло што е различно, но барем ги пробавме болидите на суво.

Јапонскиот автодром во сопственост на Хонда е омилена патека на речиси сите возачи, а Валтери објаснува зошто е тоа така.

Дури и на суво време е лесно да се погреши на оваа патека, најмала грешка и надвор сте од асфалтот. На мокро е десет пати потешко затоа што ова е една од најпредизвикувачките патеки на календарот.

При дожд патеката станува навистина непредвидлива, особно кога врне константно и има вода на асфалтот. Ќе бидат интересни квалификации.


Ботас задоволен со почетокот на викендот

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>