Ботас жали за ситуацијата во Вилијамс

183
   

Валтери Ботас призна дека му е жал што неговиот поранешен тим Вилијамс се мачи оваа сезона. Финецот ја започна својата Формула 1 кариера со тимот од Гров, но ги напушти во 2016 година откако Мерцедес го одбраа како замена за заминатиот шампион Нико Розберг.

За медиумите во Австрија, Валтери изјави дека му е жал за ситуацијата во која се наоѓа Вилијамс оваа сезона.

Тоа е легендарна екипа со многу Формула 1 историја. Се мачат уште повеќе одошто во 2013 година кога јас дебитирав за нив. Знам дека е тешко за сите таму во овој период, но јасно е дека треба да продолжат да притискаат и да напредуваат со надежа дека состојбата и перформансите ќе им се подобрат.

Тоа е добра екипа, таму работат добри луѓе и навистина уживав во моето време минато таму. Бо сакал што поскоро да ги видам назад на врвот – појасни Ботас.

Со само 4 освоени поени Вилијамс се на дното во поредокот во шампионатот и единствена екипа без двоцифрен број на поени годинава.


Ботас жали за ситуацијата во Вилијамс

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>