Валтери Ботас ќе ја почне утрешната трка во Јапонија на второ место, веднаш зад својот колега, така што нема да има потреба да го пропушта Луис Хамилтон во текот на трката. Во К1 квалификацискиот сегмент, тој беше зад Луис и Фетел, додека во вториоте 15 минути имаше најбрзо време.

Финецот е задоволен и полн со пофалби за начинот на кој Мерцедес се справија со притисокот и верува дека ова се едни од најдобрите перформанси на тимот.

Јас сум во тимот веќе две години и од она што го имам видено до сега, ова е една од најдобрите изданија од тимот како група. Треба да сме вистински горди од псотигнатото со болидот и како се одвиваа работите денеска. Секоја одлука беше исправна, се беше одработено чисто и смирено.

Од надвор изгледаше чудно, изгледаше хаотично и така натаму, но во тимто се беше мирно. Се држевме до нашиот план, работевме паметно и ги правевме вистинските избори – објасни Ботас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.