Ботас во заблуда: Мерцедес ќе го направеше истото ако водев јас

504

Валтери Ботас инсистира дека тој не е задолжен како поддршка за Луис Хамилтон сеуште, иако му беше дадена наредба да ја задржи својата позиција и да не го напаѓа британецот во Германското Гранд При.

Финецот го нападна својот тимски колега за водство во трката по безбедносното возило и рестартот, а во еден момент и беше покрај неговиот болид. Но пред крајот на кругот, стратегот на Мерцедес, Џејмс Вауелс, преку тимското радио го замоли да престане со нападот и да ја задржи својата втора позиција.

Одлуката да се користат тимски наредби подоцна беше објаснета од тимот дека ни била донесена поради борбата за титула на Хамилтон, туку поради желбата да се избегне судар кој би го чинел тимот поени, особено по откажувањето на Себастијан Ветел.

Верувам дека сеуште ни е дозволено слободно да се тркаме. Очигледно секогаш зависи од ситуациајта, но сеуште нема план јас да бидам само поддршка.

Сеуште сме во еднакви услови и тоа е моменталниот план и се надевам дека така ќе продолжи до крајот на годината. Тоа што се случи, со сите тешки трки кои ги имавме, изгубивме многу поени, така што ја разбирам одлуката на тимот.

Бевме еден покрај друг, но тие сакаа да ги освоиме поените. Убеден сум дека ќе го стореа истото доколку јас бев во водечка улога.

Не знаев дека Луис возел со максимално темпо до крајот, поради преминување на линијата. Поради тоа и не се обидував премногу, веќе имавме контрола – изјави Ботас.


Ботас во заблуда: Мерцедес ќе го направеше истото ако водев јас

5 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>