Валтери Ботас го опиша В09 болидот на Мерцедес ако многу тежок за возење во текот на петочните тренинг сесии во пресрет на Големата награда на Унгарија. “Сребрените“ беа надво од конкуренција на првите две сесии, Хамилтон имаше 5то, а Ботас 6то време, но со над секудна побавен круг од Себастијан Ветел.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Двајцата возачи на Мерцедес своите најбрзи кругови ги комплетираа на софт компонентата, откако круговите на ултрасофт ги уништија поради сопствени грешки.

Немавме воопшто лесен ден, болидот е многу тежок за возење и се мачев да склопам добри кругови особено на првата сесија. Успеавме да го подобриме сетапто во текто на вторите 90 минути, но сеуште имаме многу работа.

Ова е многу тешка патека за нас, мора да имате одличен баланс на болдиот со цел да ги минете сите кривини прописно, така што мораме да најдеме поголема стабилност на болидот.

Се мачевме на ултрасофт компонентата, константно се обидувавме да најдеме оптимум со нив, но постојано имавме проблеми со прегревање.

Тешко е да се претекне на оваа патека така што позицијата од квалификациите е многу важна и секогаш е подобро колку што може поретко да промените гуми.

Како што очекувавме, Ред Бул и Ферари беа побрзи од нас, но смета мдека ќе бидеме многу блиску на трка – заврши финецот.


7 КОМЕНТАРИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.