Валтери Ботас смета дека негова подобра форма на квалификации во Сабота е клучно што може да му помогне да го победува Луис Хамилтон во иднина. Несреќите и проблемите од почетокот на сезоната придонесоа тој многу рано да биде исклучен од борбата за титула.

Со ваквата денешна Формула 1, треба да ги подобрам моите перформанси на квалификациите и сметам дека тоа многу ќе ги промени работите.

Луис е фантастичен возач на квалификации и ако стартува пред вас секогаш има предност на трка. Квалификациите се за ситните детали, многу мали работи кои треба да се спојат така што мора да работам на деталите – појасни Ботас.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Финецот смета дека сезонава разликата помеѓу него и Хамилтон е помала од лани, но тоа не се гледа од надвор, а несреќите од почетокот на сезоната како онаа во Баку, ја влошиле неговата состојба.

Во првиот дел од сезоната среќата не беше на моја страна, но во однос на перформансите бев блиску со Луис. Потоа, штом сфатив дека повеќе не се борам за титула бев во сосема различна ситуација, како онаа во русија, а перформансите во таква ситуација уште потешко се гледаат.

Тој признава дека има области каде неговиот колега е подобар, но смета и дека има делови од возењето каде тој има предност.

Тој е силен во се, но мислам дека во многу работи сме слични. Имаше многу работи, особено на почетокот на сезоната, кога го победував на квалификации, слично како и на крај на минатата годна.

Ланскит етрки во Сочи и Австрија беа одлични за мене и доказ дека понекогаш имам предност. Секогаш има кривини каде тој е побрз, но некаде сум и јас, а некаде разликата е минимална.

Валтер и свесен дека мора да се покаже во најдобро светло во 2019 година за да ги убеди своите работодавци дека треба да го задржат во ситуација во која Естебан Окон ќе дава се од себе да го замени.

Окон не ме загрижува затоа што добро знам во каква ситуација сум. имаме одличен тимски дух, а јас станувам се подобар како одминува времето.

Екипата знае што можам, знаат за што сум способен во иднина ако продолжам да се развивам како до сега. Не сум воопшто загрижен и знам дека можам да ги постигнам целите кои ми се поставени – заврши Ботас.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.