Техничкиот директор на Ферари, Матиа Биното, смета дека стабилните темели на кој е поставена Формула 1 екипата е главен виновник за одлични перформанси и сериозната конкуренција на Мерцедес. Јасно е дека болидот на Скудерија е подобро подготвен од сребрениот Мерцедес сезонава, нешто на што се согласуваат и германците.

Мислам дека е фер да се каже дека нашата екипа во однос на инфивидуалните квалитети е многу силна. Имаме силно обучен кадар, фантастична екипа во секоја област од момците задолжени за моторот, преку аеродинамичаите до оние задолжени за шасијата.

Имаме голема корист од стабилноста на екипата што во Формула 1 е многу важно затоа што преку таа стабилност наоѓате својствен начин за работа ги подобрувате процедурите и итнерните процеси – објасни Биното.

Матиа е дел од Ферари од 1995 година, беше главен во одделот за мотори на екипата многу години и откако ја превзема својата улога создаде посебни механизми за комуникација во екипата. Тој смета дека групната работа е клучна затоа што спортот е екипен, не индивидуален.

Јас не сум експерт во сите области. Имам 25 години Формула 1 искуство одличен период минат во Ферари дури и од времето со Михаел Шумахер на патеката, но секогаш сум “моторџија“.

Кога ја превземав сегашната улога за мене беше значајно да псотавам цели и да се осигурам дека луѓето го сакаат она што го работат, ги разбираат интерните процеси и работат во тим подобро одошто работат индивидуално.

СФ71Х има одлични перформанси на сите патеки, нешто што недостасуваше на ланскиот пакет, а Биното не може да се одлучи да потенцира некој особена карактеирстика на болидот.

Повторно ќе кажам дека јас гледам на болидот како на цел пакет и не се обидувам да поделам компоненти или делови затоа што ние сме тим и работиме заедно на целиот болид.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.