Шефот на Ферари, Матиа Биното, призна дека е тешко да му дава наредби на Шарл Леклер да се тргне настрана и д аго пропушти Себастијан Фетел.

На Кинеското Гранд При, Леклер го мина Фетел на стартот, но подоцна му беше кажано да се тргне за германецот да го престаса. Ова е трет пат на три трки Ферари да му даде наредба на Леклер.

Секако не е лесно како тим да се даваат такви наредби Бидејќи ги разбираме возачите и тие мора да дадат се од себе да бидат понапред.

Не беше лесна одлука и Морам да му се заблагодарам на Шарл. Како се однесуваше тоа го прави добар тимски играч, Но мислам дека ќе дојде време за обратна наредба. Треба да се почитува дали тоа е вистинскиот избор.

Леклер по трката побара објаснување од тимот околу нивната одлука неговиот колега да биде пропуштен.

Очигледно да се биде во болиодт во тој момент е фрустрирачки и јас сум свесен дека тоа не е вистинската слика на трката. Прифатив и се фокусирав на трката.

Резултатот го помести Фетел пред Леклер во шампионатот за 1 поен додека разликата помеѓу германецот и Луис Хамилтон е 31 поен. Шарл смета дека е задоволен со одговорот од Ферари за тимската наредба.

Не беше лесна ситуација. Очигледно се мачев со гумите. Себ во тоа време беше побрз, Но беше зад мене повеќе кругови и тоа ги оштетуваше неговите гуми.

Биното изјави дека вториот стинт на Леклер бил да се провери стратегијата со едно застанување и да се задржи еден од Мерцедесите.

Мислам дека пробавме и дадовме се од себе да не губиме време со Мерцедес напред и тоа беше единствената шанса. Се обидовме и тоа не успеа. Правилно беше што му дадовме шанса на Себ. Како тим знаевме дека тоа е правилно.