Матиа Биното, шефот на Ферари, е полн со пофалби за Мик Шумахер, кој го потсетува многу на неговиот татко, легендарниот седумкратен Формула 1 шампион, Михаел Шумахер.

Младиот Мик имаше тестови за Ферари и Алфа Ромео во Бахреин, а во моментов се трка во Формула 2 за Према. Засега е во јуниорската серија, но иднина во врвот на моторспортот е се поизвесна за него.

неговото однесување ме потсетува на татко му. пристапот им е многу сличен, начинот на кој се справува со болидот го видов прв пат по михаел. добро слуша, не го брка лимитот со сила, но полека се подобрува од круг во круг што е многу важно на ден за тестирање – полн со пофалби е биното.

Некои сметаат дека честите споредби со Михаел ставаат огромен притисок врз Мик, но тој одлично го поднесе тркачкиот викенд во Бахреин и дводневниот тест потоа и одработе добри денови пред медиумите. Шпекулациите велат дека за време на Германското Гранд При во Петок повторно ќе седне во СФ90.