Австралијанецот Даниел Рикардо изјави дека се чувствувал беспомошен и дека го предава проколнатиот болид на Ред Бул на Пјер Гасли кој ќе го наследи догодина, откако по 8ми пат не заврши трка оваа сезона.

Тој на крајот на сезоната заминува од Ред Бул и оди во фабричкиот тим на Рено, а ќе биде заменет со Пјер Гасли. Трката во Мексико мораше предвреме да ја заврши трката во борба за второто место со Себастијан Фетел во моменти кога се обидуваше да го задржи Ферари зад себе.

Фрустрација веќе нема смисла како збор. Се е беспомошно. Во моментов не гледам поента да излегувам во Недела на наредните две трки. До сега сум немал чиста трка или викенд. Не е да сум суеверен но ова изгледа како болидот да е проколнат. Немам зборови.

Беспомошен е мал збор. Дури и денес стартовите беа добри, но нешто не излезе како што треба. Сите работи се случуваат во Недела и немам објаснување. Му го предавам болидот на Гасли, завршив со него – очаен е Рикардо.

Ред Бул имаа проблем со хидрауликата кај Верстапен на тренингот, а според Хорнер трката на Рикардо биле прекината поради истиот проблем.

Треба да го растуриме болидот и да видиме што се случило на 10 кругови до крајот. Тој имаше одлична трка со стари гуми и го задржуваше Себастијан Фетел зад него. Подоцна само го повлековме болидот. Требаше двајцата да ја завршат трката но чувството сега е горчливо.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.