Берни “фрли“ 4 милиони евра за Мекларенот на Сена

454

Берни Еклстон плати 4.197.500 евра за да стане горд сопственик на Мекларен Форд МП4/8-6 од 1993 година со кој Аиртон Себа победи во Монако. Лицитацијаа беше извршена во Bonham’s во Монте Карло.

Болидот го довезе Сена до неговиот 5ти и последен триумф на трката низ кнежевството, а фактот што господин Е го купи истиот добива дотолку повеќе на значење поради тоа што останува дел од Формула 1 семејството.

Еклстон поседува феноменална колекција на автомобили, класични, тркачки, патнички, така што не е ни чудно што плати толку висока сума.

Како прво, тој ги чува кај себе најголемиот дел од болидит со кои неговиот тим Брабам се тркаше во Формула 1, но во исто време има набавено уште многу други кои ги чува на својот имот во Biggin Hill, но за жал од затворен тип.

На истата аукција беше продаден уште еден болид на Сена, се работи за Толеман Харт ТГ184 од 1984 година кој се продаде за 1,6 милиони евра.


Берни “фрли“ 4 милиони евра за Мекларенот на Сена

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>