Берни Еклстон смета дека на великаните во Формула 1, тимовите на Мекларен и им треба нов менаџмент.

Мекларен и Вилијамс се вториот односно третиот најтрофеен тим во тркачката серија, а “господин Е“ смета дека нивното раководење е главниот проблем.

тимовите повеќе не се во раце на супер конкурентни луѓе како рон денис или френк вилијамс. за да се вратат силни онаму каде што припаѓаат треба да најдат друг рон или друг френк – изјави берни за италијанска Corriere della Sera.

Денеска на чело на Мекларен во Вокинг е Зек Браун, додека ќерката на Френк, Клер Вилијамс, е главна во Гроув. Запрашан за останатите тимови од гридот, Берни е нетрпелив за новата сорботка на Ред Бул и Хонда.

јас ја предложив таа соработка на ред бул уште пред три години затоа што знам дека по природа хонда се многу конкурентни, погледнете ја нивната мото програма.

Во врска со спортот генерално, Еклстон смета дека Формула 1 може да преживее и без ФИА и нејзиниот претседател Жан Тод.

Жан направи одлична работа што ги убеди Либерти дека им треба фиа за да ги променат работите, но реалноста е дека формула 1 може да постои и без фиа. тимовите и промотерите може самите да си ги напишат правилата и да се тркаат под друго име. јас лично не верувам многу во демократија, ни треба диктатор кој ќе ги стави правилата на маса.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.