Берни Еклстон се сомнева дека Либерти Медиа се способни да испорачаат втора америанска трка низ улиците на Мајами.

Плановите пропаднаа откако населението во најголемиот град во државата Флорида не се согласи за организација на настанот, иако Либерти тврдат дека “Мајами сеушт ее во игра“.

тоа никогаш нема да се случи – кратко и јасно изјави господин Е за Speed Week.

88-годишникот е свесен дека градските патеки се пеколно тешко за организација, а плановите за Мајами според него биле премногу амбициозни.

мислам дека американците секогаш сакаат гаранција дека нема да загубат пари, а либерти премногу брза со воведуање на овие нови трки.

кога дојдоа рекоа дека ќе имат 25 трки, а 6 од нив ќе бидат во америка, но проблем е тоа што не знаат како да го направат тоа.

Од превземањето на спортот, Либерти официјално донесе само една нова трка, во Виетнам, чија премиера ќе биде во 2020 година. Еклстон бил прв кој ги почнал преговорите со Ханои, но поради Сингапур и Јапонија се откажал од тој дел.

јас се откажав од виетнам. ако им спомнете за формула 1 на луѓето таму, немаат поима за што зборувате. дали е тоа добро или лошо, не знам. секаде е добро место за трка се додека луѓето доаѓаат на патека и го вклучуваат телевизорот.

го разгледувавме пред неколку години, премногу е комплицирано и има премногу ограничувања. имавме навистина многу состаноци и на крајот разликата беше 3 милиони фунти, а тоа е цена на испиената вода на состаноците кои моравме да ги имаме. заборавивме и ја напуштивме цела таа работа – откри берни.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.