Бергер зачуден што сеуште има толку многу Ф1 фанови

228
   

Поранешниот Формула 1 возач, Герхард Бергер, вели дека Либерти Медиа сеуште има многу работа пред себе за да го подобри шоуто на Гранд При трките.

Бергер, кој моментално ја насочува иднината на германската ДТМ серија, смета дека поголемиот дел од напорот на Либерти Медиа откако го превзедоа спортот е само одвлекување на вниманието.

Тоа што го гледам се активности кои го одвлекуваат вниманието. На пример, забраната на грид девојки, или забрана за промена на дизајнот на кацигите. Во меѓувреме, заспиваме пред телевизорите.

Либерти Медиа се обидуваат да го направат спортот повеќе атрактивен, но дококу шоуто на патеката не е добро, тогаш е бескорисно. Искрено, зачуден сум што сеуште има толку многу фанови – вели Бергер.

Победникот на 10 Гранд При трки со Ферари и Мекларен искоментира и на ситуацијата во Мекларен и нивните депресивни перформанси откако променија снабдувач на агрегати.

Малку е болно за мене да гледам што се случува. Според мое искуство, работите не треба така да функционираат. Можеби грешам, но моментално, развојот е бавен.

Не е моја работа, но ситуацијата станува многу комплицирана – додаде Бергер.


Бергер зачуден што сеуште има толку многу Ф1 фанови

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>