Поранешниот Формула 1 возач и сопственик на тим, а сегашен шеф на германската ДТМ серија, Герхард Бергер, смета дека губење на Естебан Окон ќе биде на голема штета на Формула 1. Опциите на франзуцинот се силно ограничени особено ако ги задржи своите врски со Мерцедес, по што единствена опција за него останува неконкурентниот Вилијамс, а Тото Волф дури отиде до таму што размислува да го раскине договорот со возачот за негово добро.

Рено, Мекларен и Ред Бул отворено изјавуваат дека врската на францускиот возач со Мерцедес е пречка за тој да дојде во нивниот тим иако квалитетите на возачот се несомнени.

Негоиот колега кој исто така е поддржан од Мерцедес, Паскал Верлејн, во недостаток на опции по крајот на 2017 година, оваа сеозна ја вози во ДРМ серијата, а се чини и дека иднината на Окон се движи во иста насока.

Јас не би сакал да го имам Окон во ДТМ затоа што тоа значи дека нема да биде во Формула 1, а тоа ќе биде голема штета за Формула 1 затоа што тој е огромен талент. Нормално би било обратно, односно ДТМ возачите а одат во Формула 1. Ние сакаме нашите возачи да одат таму затоа што тие се доволно добри и со тоа ќе го покажеме квалитетот на нашата тркачка серија – изјави Бергер за motorsport.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.