Боб Бел нема повеќе да биде Технички директор на Рено и наместо тоа ќе ја извршува улогата на технички консултант и советник на француската фабричка екипа. Тој се врати во Рено во 2016 година откако беше технички шеф кај нив во 2005 и 2006 година кога беа шампиони, а потоа стана технички директор на Мерцедес и консултант во Манор.

Беше повторно најмен во Енстон за да ја подобри техничката структура на екипата по нивното враќање во спортот на почетокот на 2016 година. Тимот прави одличен напредок лани и сезонава, а во моментов со 82 поени се на 4то место во пордокот.  Неговата советодавна улога во иднина не значи постојано вработување за британецот.

Новата улог на Бел ќе биде поврзана со стратешки проекти како поддршка на долгорочната стратегија за раст и разој на екипата и негова одговорност ќе биде развој на техничката соработка со трети страни со цел искористување на искусво и технологија кои може да придонесат за подобри перформанси.

Во само 2,5 години тој помогна Рено да се направи силен и редовен освојувач на поени. Тој е голем дел од срцето и душата на тимот и голем мотиватор за сите во екипата,

Согласно извршената транзиција планирана од него, Боб сега ќе истражува како подобро да работиме со нашите пертнери, но и со различните страни во Формула 1 и алијансата Рено Нисан Мицубиши за да осигураме само напредок – изјави Сирил Абитебул.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.