Белгија: Претекнување вредно победа за Ветел

1273
   

Себастијан Ветел стигна до својата 3та победа на Спа Франкошамп, вкупно 52ра во неговата кариера, додје до 6ти подиум во Белгија односно 107ми во кариерата превземајќи во водството во првиот круг по одлучниот напад на Лес Комбс. Германецот не го загуби водството до крајот носејќи на 23та победа на Скудерија на легендарната белгиска патека, 234та победа во нивната историја, 38от подиум на Спа односно вкупно 743от за најтрофејната Формула 1 екипа.

Луис Хамилтон имаше добар старт, но го загуби водството по Кемел правецот и на крајот мораше да се задоволи со својот 7ми подиум во Белгија, односно вкупно 127ми за него, носејќи го 10от подиум за “сребрените“ и нивни 169ти во историјата. Макс Верстапен беше одличен, ги мина Форс Индија во првиот дел од трката и за прв пат се искачи на подиумот пред речиси домашната трка доаѓајќи до својот 16ти во кариерата, воедно 10ти подиум за ред Бул на Спа и 155ти во нивната историја.

Ултра возбудлив старт со милион “дешавки“ откако првите 10-мина почнаа на суперсофт, а останатите на софт компонентата.

На врвот, Хамилтон го зачува водството на првата шнола кривина, се искачи прв на О Руж, но Кеел правецот беше моментот кога Ветел забрза зад него, искористи слип-стрим и му го превзеде водството пред Лес Комбс кривините. Фантастичен беше и Естебан Окон кој одвнатре речиси да ги мина и двајцата, но немаше храброст да продолжи, по што загуби позиција и од својот колега позиционирајќи се на 4то место.

Најголемиот инцидент се случи во вториот дел од редицата, Нико Хулкенберг се залет прмногу, се прецени сакајќи да надомести поради стартот од претпоследниот ред, не успеа да закочи и од позади моќно удри во МЦЛ33 Мекларенот на Фернандо Алонсо. Тоа го лансираше Нандо ви вис над Шарл Леклер, удирајќи со тркалото во хало-то на младиот возач, по што атрактивно три болиди ја завршија трката уште на шнолата Ла Сурс.

Инцидент имаше и во предниот дел кога Даниел Рикардо со својот Ред Бул пролизга и удри директно во Ферарито на Кими. Финецот имаше дупната задна десна гума, мораше во бокс по промена, но задното крило му беше уништено по што беше пребавен. Австралијанецот се врати во бокс по промена на задното и предното крило и по 3 кругови беше пуштен на патеката.

Инцидент имаше и помеѓу Валтери Ботас и Сергеј Сироткин. Финецот не беше трпелив сакајќи да мине што побрзо, удри во задниот дел на Вилијамс и уште веднаш мораше по промена на гумите, монтирајќи медиум и предно крило, во пакет.

Сите овие инциденти се разбира дека го донесоа Безбедносното возило на патеката кое остана таму 4 кругови, но Ветел успеа да мине пред истото да искочи на патеката и беше најсреќниот по првиот круг.

Верстапен во почетниот дел на трката брзаше да “ги исчисти“ болидите на Форс Индија пред себе и во 7от круг го мина Естебан Окон за 4то место, а три кругови подоцна го мина и неговиот колега Естебан Перез и дојде до 3то место кое не го испушти до крајот на трката.

Во 8от круг Ферари го повикаа Кими Раиконен во гаража поради подесување на предното крило за поголема потисна сила затоа што задното едностано не работеше по сударот со Рикардо. Но, компромис не може да се направи, Кими мина само еден круг и повторно беше повикан да ја заврши трката во 9от круг и се паркираше во гаражата.

Валтери Ботас беше човекот на средниот дел од трката откако во 12от круг го мина Сергеј Сироткин и веќе беше на 10то место откако трката ја почна од претпоследниот дел, односно 17то место. Пет кругови подоцна Валтери го мина и Маркус Ериксон за 9то, следниот круг и Пјер Гасли за 8мо.

Застанувањата по нови гуми беа поместени поради 4те кругови зад Безбедносно возило. Луис Хамилтон влезе во 22от круг, промени на софт и загуби само една позиција од Макс Верстапен, но истата ја надополни следниот круг, минувајќи го холанѓанецот на Кемел со ДРС. Во 23от круг промени Ветел, исто така на софт и не загуби позиција, а следните кругови влегуваа останатите од топ 10, болидите на Форс Индија, Хаас и Торо Росо, сите преоѓајќи на софт.

Од 17от до 29от круг фантастична битка за 10то место и поен имаа Маркус Ериксон од Заубер и Брендон Хартли од Торо Росо кои неколку пати се минуваа еден со друг под ДРС за на крај швеѓанецот да дојде до толку посакуваниот поен.

Во 31от круг по долго мачење се откажа и Даниел Рикардо кој возеше неколку кругови позади останатите.

Валтери Ботас се забрза на крајот, во 32от круг го мина Естебан Окон за 5то место, а во 40от круг и неговито колега за 4то.

Разликата на Луис Хамилтон е намалена на 17 поени, Раиконен не освои поени, но останува на 3то место, иако Валтери Ботас со 4то место му се доближи на само 2 поени негатива. Макс Верстапен за прв пат сезонава го мина Даниел Рикардо во возачкито проедок, заостанува 24 поени зад ботас, но има 2 повеќе од Дани. Нико Хулкенберг не освои поени, остана на своите 52, но Кевин Магнусен е на само 3 од него, Алонсо има 5 помалку од данецот,  а 4 повеќе од Серхио Перез кој е 10ти во поредокот.

Кај конструкторите, водството на Мерцедес сега изнесува 15 поени, а Ред Бул се безбедни на 3то место. Рено се 4ти со само 6 поени пред Хаас.


Белгија: Претекнување вредно победа за Ветел

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>