По победата во Америка, Кими Раиконен имаше уште една одлична трка и рутинирано стигна до подиум, трето место со кое го задржа својот пласман и во возачкиот поредок. Финецот ја почна трката од 6та позиција, падна на 7мо откако беше минат од Карлос Саинз на Рено, но имаше стратегија со едно застанување со која ги мина возачите на Мерцедес, искористи од откажувањето на Даниел Рикардо и стигна до својот 11ти поиум оваа сезона.

На стартот бев добар, го следев Себ, но таа страна некако забави на средина на правецот. Отидов на другата страна, јасно позади Себ низ првиот свиок и не сакав да се вмешувам во некаква гужва. Загуби позиција, но ја вратив на следниот правец и тоа не беше некаков голем проблем.

Интересен беше дуелот со Валтери, бев побрз од Мерцедесот пред мене, но тешко се залетував за да добијам доволна брзина и да го стигнам, по што и гумите почнаа да ми откажуваат. Планиравме порано да влеземе по нови гуми, но влегоа Мерцедес пред нас и се одлучивме да одиме спротивно од нив.

Одтогаш знаев дека ќе се тркаме со едно застанување во бокс, вториот сет на гуми кои ги добив беше одличен и морав да ги чувам добро за да издржат до крајот што и го направив.

Дојдов до Мерцедесите и ги минав, Валтери се прецени на кочење и излета во тревата, но и Рикардо имаше некаков проблем и застана. Добра трка и добар резултат, но немав многу возбулидва трка – објасни Рикардо.


РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.