Стофел Вандорн е презадоволен што конечно стигна до своите први поени сезонава за Мекларен од Азербејџанското Гранд При ов Април сметајќи дека безгрешно ја комплетирал трката по Ерманос Родригез. Белгиецот не мина нити во К2 на квалификациите што е многу честа појава сезонава, но одлична стратегија му донесе поени, а на средина од трката дојде до 8то место.

Многу се подготвувавме за овој викенд затоа што знаевме дека можеме да стигнеме до поени. Пресреќен сум и презадоволен што завршив на 8мо место и дојдов до важни поени во конструкторската броба. Одлично одработивме и изменаџиравме да ја комплетираме трката со само едно застанување.

По првиот круг беме последно, но фантастично се вративме со одлични претекнувања на патеата што беше клучно. Менаџирањето на гумите и финиш во поени е одлично за нашата екипа која се бори за задржување на 6то место кај конструкторите – објаснува Вандорн.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Екипата од Вокинг имаше одличен ритам и да не беше лошата среќа и откажувањето на Алонсо, можеа и до двојни поени.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.