Џенсон смета дека неговиот колега Наоки е доволно талентиран да се трка во Формула 1, откако заедно со него ја освои титулата во Супер ГТ сезонава.

Батон и Јамамото заедно возеа за Кунимитсу Хонда тимот во Супер ГТ тркачката серија и минатиот месец во Мотеги стигнаа до титулата, а Наоки исто така сезаонва стигна и до насловот во јапонската Супер Формула, станувајќи првиот возач кој ги обединил двете титули по 14 години пауза.

Џенсон работеше крај Јамамото цела година и верува дека 30-годишниот возач има способност брзо да се прилагоди на различни тркачки машини и е способен да се трка и да го издржи притисокот и во Формула 1.

лично сметам дека тој треба да биде во формула 1, но дали сака или не, тоа не е моја работа. гледајќи што постигна во супер формула е фантастично, а во исто време тоа е и добро место за докажување за формула 1 ако земете предвид како таму минаа пјер гасли и стофел вандорн, како и некои други пред нив.

тој е супер формула првак, супер гт првак, има богато искуство од различни видови тркање што многу помага кога сте под притисок – објасни батон.

Годинешниот успех и двојната титула му ги донесоа на Јамомото потребните 40 поени на суперлиценцата, доволни за да може да се трка во Формула 1. Иако нема ништо официјално, од Хонда неодамна изјавија дека размислуваат за некаков тест со Наоки. Батон ја поддржа таквата можност за својот колега, сметајќи дека истата е реткост.

мој совет до јамамото е дека доколку му се укаже можност за формула 1, мора да ја искористи истата, навистина мроа. иако не сметате дека може да добиете место за тркање или сте среќни онаму каде што се наоѓате, едноставно морате да се обидете затоа што таква можножност добиваат малку луѓ, особено во последно време тоа станува многу тешко. можност да се возат тие ѕверови мора да се искористи, премногу е добро.

Јамамото првично не беше многу расположен кон Формула 1 земајќи ја во предвид неговата возраст како и малото искуство со тркање во Европа, но последните негови изјави се спротивни на она што првично го кажа.

дури и да добијам можност да возам, моите години се некаква пречка. првична моја помисла беше да не возам и да не пробувам формула 1, но разговарав со хонда, разговарав со моето семејство и некои возачи и сеуште не можам да решам што точно да правам. секако дека ваква можност не сакам да пропуштам – објасни јамамото.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.