Батон: Мекларен не се таму каде што очекуваа

164

По првата трка во сезоната, Фернандо Алонсо тврдеше дека Мелбурн ќе биде најслаб настан во однос на перформансите за нив и дека во остатокот од сезоната ќе се борат со “големата тројка“. Минатата година од Вокинг најавуваат и дека имаат најдобра шасија на гридот и дека моторот е единствено нешто што ги забавува.

Сепак, 36те досега освоени поени не се лошо во однос на минатите три години, но очекувањата на екипата беа многу поголеми, а портокалов болид никогаш на првите 4 трки не стигна до К3 на квалификациите.

Тешко е да се предизвикаат големите три екипи во моментов и за тоа ќе треба време. Мекларен лани и годинава велеа дека сметаат дека имаат најдобар болид, но тоа е многу тешко да се тврди кога се тркате со Ферари, Ред Бул и Мерцедес, а видовме дека случајот не е таков.

Можеби некој ќе каже дека сезонава е разочарување на нив, но доколку не беа тврдењата за најдобар болид, сезонава ќе беше многу солидна за нив. Навистина многу напредуваа, 4ти се во конструкторскиот поредок во моментов, но имаа преголеми очекувања на стартот – појасни Џенсон Батон, поранешниот возач на тимот.


Батон: Мекларен не се таму каде што очекуваа

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>