Џенсон Батон смета дека Луис Хамилтон ќе ја задржи мотивацијата во иднина со нови предизвици, но не со цел да ги подобри рекордите на Михаел Шумахер.

Хамилтон ја освои својата петта титула минатата сезона, а возачот на Мерцедес има договор за уште најмалку две години, што му овозможува на британецот можност да се изедначи со рекордот од седум титули на Шумахер.

Батон, кој се тркаше покрај Хамилтон во Мекларен од 2010 и 2013 година, инсистира дека неговиот поранешен тимски колега најверојатно не цели кон надминување на постигнувањата на германецот, наместо тоа, бара нови предизвици во иднината која му претстои.

Познавајќи го Луис, не е поентата да се биде подобар од Михаел. Мислам дека кога работите се менуваат во Формула 1 и има нови предизвици, тој тоа го сака. Тоа го сакаме сите во тркањето.

Кога ќе нема повеќе предизвици, тогаш ќе одлучите да правите нешто друго. Но начинот со кој Формула 1 ги спроведува промените во регулативата, како и промената на возачите, тој ќе сака да продолжи, што е фантастично за спортот – вели Батон.

Во однос на победи на трка, Хамилтон заостанува со 18 победи позади 91 победа на Шумахер, дефицит кој шампионот се надева дека ќе го намали во следните две години.

Навистина не сум помислил кон таа бројка. Дали ќе имам шанса да победам на повеќе трки, кој знае – но ќе дадам се од себе да го сторам тоа. 91 победа колку што има тој, тоа се многу победи.

Сеуште има многу пред мене, но јас сум тука уште неколку години и се надевам дека ќе се доближам. Михаел беше гениј во тоа како се постави себеси во Ферари и што направи со таа екипа. Секогаш ќе бидам негов фан – гласеше тогаш изјавата на Хамилтон по завршетокот на минатата сезона.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.