Батон е ЗА Рикардо во Ферари

336

Џенсон Батон смета дека Даниел Рикардо е многу среќен што има неколку добри опции за следната година. Австралијанецот ја одработува својатап оследна сезона во Ред Бул и бара гаранции за конкурентен болид од Милтон Кинс за да потпише продолжување на соработката.

Но, слободни места за 2019 година може да има и кај најголемите конкуренти, Ферари и Мерцедес, поради што Дани е на “слатки маки“.

Препоставувам дека има мжност да оди во Ферари, а веројатно и Мерцедес и Ред Бул се сеуште во игра. Тешка одлука затоа што сите три екипи се одлични.

Ретко кој добива таква можност за избор и тој треба да биде среќен што е во таква ситуација. Мора да одлучи со срцето и да потпише за екипата која смета дека е вистинска за него. Лично јас би сакал да го видам во Ферари – открива Батон.

Сепак, првакот од 2007 година смета дека Рикрардо мора совршено да го истемпира тајмингот на носење на свјоата одлука затоа што перформансите на тимовите се менуваат од година во година.

Не сака да донесе одлука премногу скорко, но јасно е и дека не сака да донесе одлука премногу доцна. Најдобро е да почека до крајот на сезоната за да види кој ќе биде најконкурентен, но следата година е друга сезона и кој знае што може да се случи.


Батон е ЗА Рикардо во Ферари

2 коментари

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

  • Ivica lucky
    Остави коментар

    Не си свесен колку си досаден досаден со коментариве против ферари цело време тоа па тоа ништо конкретно не кажуваш туку едно па исто како божем што и да прави ферари мерцедес не правии патетичен си (ХЕЈТЕР)