Поранешниот возач на , Рубенс Баричело, му кажал на младиот Шарл Леклер, дека мора да биде ментално многу силен а да успее во Скудерија .

Во своето време во Ферари, бразилецот стигна до 11 Гранд При победи, но константно беше во сенка и поддршка за Михаел Шумахер од 2000 година до 2005 година. Леклер, пак, има една Формула 1 сезона зад себе, нема големо искуство во врвот на моторспортот, но е сигурен дека нема да биде само поддршка за Фетел.

21-годишниот возач родум од Монте Карло беше Формула 2 првак во 2017 година откако претходната ја освои ГП3 титулата.

многу сум возбуден за доаѓањето на Шарл во Ферари. тој е еден од оние возачи кои на импресивен начин стигнуваат до формула 1. да се стигне во ферари и да се биде успешен таму, за тоа треба да сте навистина силен во главата, затоа што веќе знаеме дека е многу талентиран. сигурен сум дека ќе биде тежок предизвик за себ – изјави рубенс за Autosport.

Формата на ШАрл драстично се подобри од моментот кога беше официјално соопштено дека ќе се трка за најтрофејниот тим на гридот од оваа сезона.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.