Астон Мартин загубиле интерес за производство на Формула 1 мотор откако спортот се премисли за новите правила од 2021 година, изјави Извршниот директор на компанијата, Енди Палмер.

Во британскиот производител на спортски автомобили и главен спонзор на Ред Бул Рејсинг, размислуваа за можноста тие да станат доставувач на мотори. Но, визијата на Формула 1 за поедноставни и поевтини мотори во спортот охрабри многу производители кои учествуваа на некои состаноци.

Кога изгледаше дека правилата ќе се менуваат ние разгледувавме можности за наш мотор во Формула 1. Но тогаш тие се премислија и продолжија со истиот и ние бевме принудени да ги откажеме плановите – откри Палмер.

Ред Бул објавија дека ќе преминат од Рено на Хонда, а ќе возат јапонски мотори минимум следните две години. Комерцијалните договори со тимовите истекуваат во 2020 година и Либерти сака да го направи спортот поконкурентен.

Моменталните турбо хибридни В6 мотори беа промовирани во 2014 година и од тогаш никој освен топ 3 тимовите нема победено, а Мерцедес ги освои сите титули во последните 5 години. Моторите беа критикувани како прескапи и прекомплицирани за четирите производители, а трошоците се зголемуваат како се развиваат алтернативи за да се намали разликата.

Кристијан Хорнер во Август изјави дека треба повеќе време за да се најде вистинскиот мотор и таа промена нема да се сличи пред 2023 година.

Тоа кон што целиме е ограничување на инвестицијата во моторот и тој да биде поедноставен. Поедноставување во однос на турбото и собирањето на енергија е најважно. Се додека нема ограничување ќе биде тешко за нас.

Палмер изјави дека Астон Мартин ќе ги подржува Ред Бул и Хонда откако виделе дека Хонда напорно работи на подобрување на перформансите.

Ред Бул донесе одлука и ние ги подржуваме. Тоа е правилниот начин.

Астон Мартин објавија дека отвараат регионална канцеларија на Јаз Марина за патеката да стане дом на блискиот исток.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.