Ферари покажуваа неверојатна големи во поразот на чело со шефот Маурицио Аривабене, кој му честиташе на новокрунисаниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон, веднаш по освојувањето на круната во Мексико.

РЕКЛАМЕН ПРОСТОР

Возачот на Мерцедес возеше колку што требаше, заврши на 4то место, доволно за теоретско осигурување на титулата, 5та во неговата пребогата Формула 1 кариера. Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, заврши на 2ро место што не беше доволно за да се пролонгира борбата за титула за следната трка.

Денешниот резултат ја отсликува решителноста не целата екипа по не многу добри квалификации на патека каде аеродинамичката потисна сила и менаџирањето на гумите е клучно за успех.

Себ и Кими имаа одлични трки благодарените на сите во тимот, како крај патеката така и во Манарело. Конструкторската титула сеуште не е решена и мораме да бидеме силни и следните две трки поради тоа. Решени сме да се бориме до последната трка почнувајќи од Бразил и потоа кон Абу Даби,

Честитки до Луис Хамилтон на неговата 5та возачка титула – изјави Аривабене по крајот на настанот.

Себастијан Фетел ја заврши трката на второ место, а Кими Раиконен зад него, освојија повеќе поени од Мерцедес и го намалија заостатокот во констукторскиот поредок. Предноста на “сребрените“ е 55 поени на две трки пред крајот.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.