Аривабене: Целта е да доминираме како во 2002 и 2004

419
   

Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене, признава дека во неговата екипа има проблеми на последните неколку трки, но италијанецот одбива да се откаже од борбата за титула против Мерцедес.

Мерцедес моментално има солидна предност во генералниот пласман, иако Ферари според многумина има подобар пакет. Луис Хамилтон води пред Себастијан Фетел со 50 поени, што значи дека тој има простор да не заврши на две трки со цел германецот да го стигне. Работите не изгледаат позитивно за Ферари, но Аривабене не се предава до крај.

Сеуште има 5 трки до крајот, така што сеуште верувам. Не можеме да негираме дека имавме проблеми во последните неколку трки.

Ако погледнеме кон тоа што постигнавме д осега, добро е што сме подобри одколку во последните неколку години. Во повеќе трки, јасно бевме најдобри, но не ги освоивме поените – изјави Аривабене за Скај Италија.

Тоа е најмногу поради човекот наречен Луис Хамилтон. Британецот победи на некои трки, притоа немајќи никакви шанси, како во Монца. Неговите одлични возачки способности дополнето со неверојатната постојаност се главни причини зошто Ферари заостанува позади Мерцедес во сите области.

Идеалниот болид сеуште го немаме, а целта е да доминираме како во 2002 и 2004 година. Настрана од тоа, не се предаваме, дури иако заостануваме многу – додаде Аривабене.


Аривабене: Целта е да доминираме како во 2002 и 2004

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>