Тимскиот шеф на Ферари, Маурицио Аривабене изјави дека нема намера да ја напушти Формула 1 екипата за да го превземе шефовското место во најтрофејниот италијански фудбалски клуб, Јувентус од Торино. По Руското Гранд При на кое Мерцедес победи и ја зголеми предноста кај конструкторите и возачите, медиумите почнаа да шпекулираа со промени во менаџментот на екипата.

Првиот човек на Ферари беше на листата од девет имиња како кандидати за потенцијален наследник на Џузепе Марота, кој веќе една деценија успешно раководи со фудбалската екипа.

Јас сум во Ферари и мојата иднина е поврзана со Ферари.

Член сум н Бордот на директори на Јувентус повеќе години, дури и пред да ја превземам раководната позиција во Маранело. Среќен сум и горд што ќе останам дел од тој Борд доколку на следното акционерско собрание тоа биде предложено, но мојата секојдневна работа е во Ферари – изјави Аривабене на претставувањето на новите шари на болдот на Ферари во Сузука.


ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар
Внесете го вашето име тука

Внесете го точниот резултат. * Time limit is exhausted. Please reload CAPTCHA.